Уапсен поранешниот надбискуп на Хонг Конг

Од:

Поранешниот надбискуп на Хонг Хонг, кардиналот Џозеф Зен денеска е уапсен под сомнение дека тајно соработувал со странски сили за загрозување на националната безбедност на Кина.

Покрај кардиналот Зен, уапсени се и пејачката Дениз Хо, адвокатката Маргаерт Нг и научникот Хуи По-кунг. Сите уапсени учествуваа во работата на Фондот за правна помош на учесниците во продемократските протести во 2019 година. Фондот згасна минатата година.

Апсењата уследија по неодамнешниот избор на поранешниот секретар за безбедност Џон Ли за нов шеф на администрацијата на Хонг Конг.

Вишиот истражувач на Хјуман Рајтс Воч, Маја Ванг изјави дека апсењето на кардиналот Зен за мирни активности е „шокантно“ и го покажува „слободниот пад на градот во почитувањето на човековите права во изминатите две години“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше