Уапсен поранешен советник на Бајден како бегалец од правдата: Крадеше скапи куфери на аеродроми

Од:

Контроверзниот поранешен функционер за нуклеарен отпад во администрацијата на Бајден, Сем Бринтон, кој беше отпуштен кон крајот на минатата година откако беше фатен во низа кражби на багаж, беше уапсен оваа недела во неговиот дом, потврди полицијата.

Семјуел Бринтон (35) e приведен во неговиот дом во Роквил, Мериленд, изјавja за Пост од полицискиот оддел во Монтгомери (MCPD).

Бринтон моментално е во притвор под сомнение за голема кражба во врска со наводите за украден имот на аеродромот Роналд Реган во февруари 2023 година, соопшти полицијата на Вашингтон Метрополитен аеродром.

Адвокатот на танзанската модна дизајнерка Азија Камсин изјави за Пост дека обвиненијата се поврзани со нејзиниот исчезнат куфер.

Документите за апсење покажуваат дека Бринтон – кој се идентификува како небинарен и ги користи нивните заменки – бил уапсен во блокот 700 на Колеџ Парквеј како бегалец од правдата.

„Тие се во Централната единица за обработка на округот Монтгомери во очекување на сослушување за екстрадиција“, објасни портпаролот на MCPD.

Наводните соседи на Бринтон во четвртокот рекоа дека „четворица неозначени полицајци се појавиле“ и го одвеле Бринтон со лисици.

Веста за наводното апсење на Бринтон доаѓа еден месец откако тој не се спротивстави на обвиненијата поврзани со кражба на женски багаж на меѓународниот аеродром Хари Рид во Лас Вегас во јули 2022 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден