Уапсен по 30 години бегство

Од:

Бразилската полиција го уапси поранешниот италијански левичар и герилец Чесаре Батисти (60), кој 30 години бил во бегство, поради убиство во Италија.

Чесаре е приведен вчера во попладневните часови по локално време во својот дом во Ембу дас Артес предградие на Сао Паоло, бидејќи полицијата постапи по барањето за депортација изјави портпаролот на полицијата, Леонардо Кавалканти.

-Тој најверојатно ќе биде депортиран во Франција, каде што живеел порано – потврди портпаролот.

Минатата недела судија во Бразил ја поништил неговата виза и наредил Батисти да биде депортиран, под образложение дека не требало да добие постојан престој во Бразил, бидејќи правосилно бил осуден во својата држава.

Адвокатот на Батисти најавил дека неговиот клиент ќе достави жалба против налогот за депортација , бидејќи тој е неуставен, пренесе „Ројтерс“.

Италијанскиот левичар се соочува со доживотна робија во Италија поради четири убиства кои ги извршил во 70-тите години од минатиот век, а азил во Бразил добил откако поранешниот бразилски претседател Луис Инацио Лула да Силва го одбил барањето за негово испорачување во 2010 година, што предизвика влошување на односите помеѓу Бразил и Италија.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он