Кениската полиција го уапси гувернерот на областа Ламу, Иса тамами, во врска со три неодамнешни напади во кои беа убиени повеќе од 60 лица, соопштија денеска официјални претставници на власта.
Гувернерот Тимами е уапсен синоќа заради минатонеделните два напада во местото Мпекетон и блиското село во кое беа убиени речиси 60 лица. Во уште еден напад изведен оваа недела убиени се најмалку пет лица.
Мпекетони е мало место на 100 километри од границата со Сомалија.
-Гувернерот е во притвор. Соочен е со повеќе обвиненија што имаат врска со нападите, изјави шефот на истражното криминалистичко одделение Ндегва Мухоро, додавајќи дека тој во текот на денот ќе се појави пред судот.
Одговорноста за нападите ја презеде сомалиската екстремистичка група Ал-Шабаб, која е тесно поврзана со Ал Каеда, но кенискиот претседател Ухуру Кенијата верува дека тие не се одговорни, туку дека зад нападите стојат локални политичари.