Уапсен еден од осомничените за убиството на саудискиот новинар Кашоги

Од:

Калид Аед Алотаиби, осомничениот член на групата кој го изврши убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година, е уапсен денеска на аеродромот Шарл де Гол во Париз, јавија француските медиуми повикувајќи се на судски и аеродромски извори.

Приведувањето е спроведено по распишана потерница од Турција во 2019 година.

Тој е поранешен саудиски гардист и патувал под свое име. Моментно се наоѓа во притвор.

Името на Алотаиби е објавено во написи на „Вашингтон пост“ кога весникот пишуваше на таа тема.

Алотаиби е еден од 26 Саудијци по кои Турција има распишано потерница поради убиство на новинарот.

Кашоги, критичар на власта во Ријад, беше убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул во 2018 година. Ријад тврди дека бил убиен во „одмаздничка операција“ од страна на тим агенти испратени да го убедат да се врати во Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ