Уапсен еден од најбараните бегалци во Италија, член на „Коза ностра“

Од:

Италијанската полиција со поддршка од Европол на 1 октомври во Сицилија го лоцирала и уапсила осомничениот В.М., еден од најбараните бегалци во Италија, соопшти денеска Европол.

Опасниот бегалец, син на еден од членовите на „Коза ностра“, италијанските власти го барале од 2016 година поради учество во тројно убиство извршено во 2006 година на северот од Италија.

„Европол“ се вклучил во случајот бидејќи криминалецот имал меѓународни врски со други земји во ЕУ и други држави.

Апсењето е резултат на успешна размена на информации меѓу Европол, Италија и другите земји членки на ЕУ и е петти таков случај во рамките на италијанскиот проект „Европотрага“, чија цел е лоцирање и апсење на опасните бегалци од мафијата во Европа.

Четири слични операции на 7 мај, 12 мај, 28 јули и на 18 август беа извршени од италијанската полиција, во соработка со полицијата од земјите членки на ЕУ и Европол, при што беа уапсени тројца бегалци, припадници на „Коза ностра“ и еден бегалец припадник на „Ндрангета“.

Би можело да ве интересира

Италија: Уапсени 13 членови на мафијашката организација Коза Ностра

Уапсена e сестрата на последниот кум на сицилијанската мафија

Уапсен човекот кој му го позајмил идентитетот на озглогласениот шеф на Коза Ностра

Додека не најдеме тело, нема да веруваме дека е мртов: Пред шест години презентирани мрачни информации за шефот на Коза Ностра

А1он

Уапсен најбараниот криминалец во Италија, шефот на Коза Ностра во приватна клиника во Палермо

А1он

Италијанските власти уапсија 35 лица под сомнение дека се членови на „Коза ностра“

А1он