Уапсен е осмиот затвореник кој избега од затвор во Њу Орлеанс, уште двајца се во бегство

Од:

Осум затвореници кои избегаа од затвор во Њу Орлеанс се заробени по повеќе од една недела бегство, соопштија американските власти.

Главната обвинителка на Луизијана, Лиз Мерил, објави дека затвореникот Лентон Ванбурен е фатен во Батон Руж и вратен во притвор.

Двајца други бегалци се уште се на слобода, објави ABC News. Вкупно 10 затвореници избегаа од поправен дом во Њу Орлеанс откако се протнаа низ дупка зад тоалет во раните утрински часови на 16 мај.

Нивното исчезнување поминало незабележано неколку часа и предизвикало масовна потрага што траела повеќе од една недела, пренесува Танјуг.

Седум лица беа уапсени под сомнение дека им помагале на бегалците, вклучувајќи еден работник за одржување на затворот обвинет за исклучување на водата во тоалетот.

Би можело да ве интересира

Пожар избувна во затвор во Сплит, седум лица завршија во болница

Лишен од слобода криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци

Предраг Петровиќ

Калифорнија: Затворски службеници се повредени од затвореник

Затвореник со стаклена чаша нападна и повреди затворски полицаец

Во болница почина затвореник од „Идризово“

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница