Oслободен од турски затвор е хрватски морнар осуден на 30 години затвор, на бродот му најдоа 137 кг кокаин

Од:

Хрватскиот морнар Марко Бекавац е ослободен од турски затвор и е во Хрватска, ќе биде со своето семејство во текот на денот, потврди хрватскиот министер за правда, администрација и дигитална трансформација – Дамир Хабијан.

– Можам да потврдам дека капетанот Бекавац дојде во Хрватска утрово – рече Хабијан и изрази задоволство од неговото ослободување од затвор бидејќи, додаде, тоа е резултат на месеци напори во тој исклучително предизвикувачки случај.

Хрватскиот морнар Бекавац беше уапсен во октомври 2023 година во Турција и обвинет за шверц на 137 килограми кокаин, откако дрогата беше пронајдена на неговиот брод „Феничијан М“ во турското пристаниште Ерегли, а во септември минатата година беше осуден на 30 години затвор.

Враќањето на Бекавац, како што се наведува, се случи по координираните активности на Владата, Министерството за правда, дипломатијата и другите институции, а министерот Хабијан потсети и дека премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман во неколку наврати разговарале за ова прашање со турските претставници, барајќи го најдоброто решение „за оваа предизвикувачка ситуација“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Хрватска: „Аушвиц, Аушвиц“, „Стани, Адолф“ и „Газете ги Евреите“

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он