Тврдењата дека Путин има 40 милијарди долари на сметки се апсурдни

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ги оцени како апсурдни тврдењата на британскиот весник „Тајмс“ дека рускиот претседател Владимир Путин на сметки во швајцарски банки има 40 милијарди долари.

– Тоа е целосна апсурдна измислица, изјави Песков за радиото „Ехото на Москва“.

„Тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори во американската администрација, во петокот објави дека доколку Русија испрати свои војници во Украина, САД планираат да воведат санкици лично кон Путин, со тоа што ќе ги замрзнат неговите сметки во банки во Швајцарија на кои има 40 милијарди долари кои рускиот претседател наводно ги заработил преку „Газпром“ и други енергетски компании.

– Човек може само да се насмее на вакви апсурдни санкции, нагласи портпаролот на Путин.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец