Твитер суспендираше повеќе од 125.000 налози од кои поголемиот број поврзани со Исламска држава, во рамките на борбата против „терористички содржини“ на социјалната мрежа.
– Налозите се суспендирании од средината на минатата година поради закани или промоција на терористички престапи, соопшти Твитер.
Социјалната мрежа се најде под притисок на владите од повеќе држави да преземе мерки против налозите со терористички содржини.
Твитер соопшти дека го осудува користењето на мрежата за промоција на тероризмот, како и дека како мнозинството луѓе во светот се ужаснува од бруталноста на екстремистичките групи.