На Твитер профилот на папата Франсис се регистрирани над шест милиони следбеници, од кои 2,7 милиони се нови, во 48-те дена од понтификатот. Тоа претставува пораст од просечно 60.000 дневно. Прагот од пет милиони е поминат на 4 април, помалку од еден месец по изборите на првиот аргентински папа во историјата.
Од 12 декември, датумот кога Бенедикт Шеснаесетти го испрати првиот твит на англиски јазик од својот профил @pontifex, 3,3 милиони луѓе во светот одлучија да го следат папата на девет јазици.
Папата Франсис ја испрати својата прва порака на 17 март и оттогаш напиша 27 твитови.