Туск до Трамп: Солидарноста е поважна од парите

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск непосредно пред Самитот на НАТО кој започнува утре, му порача на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека солидарноста е поважна од парите.

-Драга Америка, ценете ги повеќе вашите сојузници, сепак ги немате многу, изјави Туск по потпишувањето на договорот за соработка помеѓу ЕУ и НАТО денеска.

Трамп доаѓа во Брисел со една главна порака, а тоа дека НАТО сојузниците не придонесуваат доволно кон буџетот на НАТО и да побара да ги зголемат стапките за одбрана во националните буџети.

Иако сите челници на НАТО тврдат дека постои единство помеѓу сојузниците на Алијансата, тензиите се очигледни.

Американскиот претседател утрово твитна дека дисбалансот во придонесите кон буџетот на НАТО „не е фер за американските даночни обврзници“, и дека САД „губи 151 милијарда долари во трговијата со ЕУ“ поради царините.

-НАТО земјите мораат да плаќаат ПОВЕЌЕ, САД мора да плаќа ПОМАЛКУ. НЕФЕР! твитна Трамп.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски