Туск: Полска сака максимално добри односи со Велика Британија за евентуална одбрана од Русија

Од:

Полска сака да ги подигне односите со Велика Британија на највисоко можно ниво, првенствено во областа на одбраната од Русија, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск пред неговото заминување за Лондон, каде што двете земји ќе потпишат нов договор за одбрана и безбедност за зајакнување на соработката во услови на растечки безбедносни закани во Европа.

Во исто време, британската влада изјави дека новиот договор ќе придонесе за заштита на британските граници, борба против организираниот криминал, зајакнување на колективната одбрана и продлабочување на соработката со Европската Унија.

Британската влада во соопштението наведува дека двете земји ќе ја споделат својата експертиза и ќе ги координираат одговорите за справување со растечките закани.

Договорот се темели на напорите на британската влада за зајакнување на односите со Европа и подобрување на соработката со Европската Унија во областите на безбедноста и економијата, по сличните договори што Лондон веќе ги постигна со Франција и Германија.

Британскиот премиер Кир Стармер, според соопштението, оценил дека Обединетото Кралство и Полска се веќе блиски сојузници и пријатели, но дека сегашните предизвици во Европа бараат уште посилно партнерство.

Би можело да ве интересира

Приведени тројца хрватски државјани и жена од Полска: Подметнале десет пожари

Се преврте полски автобус во Унгарија: 12 мртви, возачот е уапсен

Катерина Ѓуровски

Драма во Варшава: Туск тврди дека Русија планирала атентат врз американски државјанин

Полјаците поддржуваат депортација на Украинците кои се способни за воена служба

Кулеба: Расте ризикот од напади врз Украинци во Полска

Масовен руски напад врз Украина, Полска ја активираше својата авијација