Туск по објавата на Медведев: Земјите од НАТО треба сериозно да ги сфатат руските провокации

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск денес реагираше на објавата на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој напиша на социјалните мрежи дека „мирниот сон на граѓаните на Европската Унија е завршен“, предупредувајќи дека сите земји-членки на НАТО конечно треба да почнат сериозно да ги сфаќаат ваквите зборови.

– Полска, балтичките држави, а сега и Романија. Има сè повеќе руски провокации. Вчера, поранешниот руски претседател Медведев изјави дека мирниот сон на граѓаните на ЕУ е завршен. Сите во НАТО конечно треба да почнат сериозно да ги сфаќаат ваквите факти и зборови, рече Туск во објава на мрежата X.

Претходно, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, напиша на платформата X дека граѓаните на ЕУ треба да разберат дека властите на нивните земји еднострано влегле во војна со Русија.

Би можело да ве интересира

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Туск ја исмеа можноста Орбан да стане генерален секретар на ОН: „Ова е апсурдно“

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Горан Наумовски

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Туск обвини за саботажа: Пожарот е намерно подметнат