Туск: Немаше понуда од Русија за поделба на Украина

Од:

Поранешниот полски премиер Доналд Туск демантираше дека рускиот претседател Владимир Путин му предложил Русија и Полска да ја поделат Украина.

Ваквото тврдење го изнесе поранешниот полски министер за надворешни работи Радослав Сикорски во интервју за американскиот интернет портал „Политико“ и предизвика огромно незадоволство во Полска, поради што тој речиси веднаш се откажа од изјавата, тврдејќи дека вил погрешно разбран.

Сикорски наводно рекол дека ваквата понуда била дадена на состанокот меѓу Туск и Путин во 2008 година во Москва.

Туск истакна дека од Путин никогаш не добил таква понуда, а Сикорски веројатно имал погрешен впечаток врз основа на алармантните изјави кои ги дал Путин на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, кога изјавил дека Украина е вештачки создадена и Русија таму има свои интереси.

Би можело да ве интересира

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата