Туск: ЕУ не е создадена за да измами некого

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск денеска му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европската унија (ЕУ) не е создадена за да „измами некого“, туку да обезбеди мир, почитување меѓу народите и да гарантира слободна и фер трговија.

„ЕУ не е создадена за да измами. Сосема спротивно. ЕУ е создадена за да го зачува мирот, да изгради почит меѓу народите, да гарантира слободна и фер трговија и да го зајакне нашето трансатлантско пријателство. Толку е едноставно, напиша полскиот премиер на мрежата Х.

Туск, чија земја претседава со ЕУ до средината на оваа година, на овој начин реагираше на неодамнешното обвинување на Трамп дека ЕУ е создадена за да игра со САД.

Би можело да ве интересира

Русија: Маските паднаа, Европа конечно му го покажа на Трамп своето вистинско лице

Сојузниците го напуштаат Трамп: Полска нема да испраќа војници во Иран

Бунфорт: Северна Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ на ЕУ

(ВИДЕО) Орбан: 21 век ќе биде век на понижување за Европа, Брисел врши притисоци и цензура

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

ВИДЕО: Рубио во Берлин и се закани на Европа, анализира CNN