Туск: ЕС во декември ќе дискутира за конфликтот во Украина

Од:

Новиот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека ЕС во декември ќе дискутира за конфликтот во Украина, кој тој го нарече војна.

Поранешниот полски премиер Доналд Туск, кој ќе стапи на новата должност на 1 декември истакна дека Украина ќе биде главна тема на седницата на Советот на 18 и 19 декември в Брисел.

– Ќе кажам отворено, станува збор за војна во источна Украина, рече Туск.

Според него на самитот на Г20 во Бризбејн на рускиот претседател Владимир Путин јасно му било укажано дека атмосферата во Европа и во светот во однос на Русија драматично се влошува. 

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски