Туск: Единици на руската војска активни во Украина

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск изјави денеска дека врз основа на разузнавачките информации на НАТО и Полска, постојат докази дека регуларни единици на руската армија се активни во Украина.

– Никој не може сериозно да говори за сепаратистите во Украина во овој момент, изјави Туск пред пратениците во Парламентот за кризата во соседна Украина.

Москва негира дека ги вооружува проруските сили во источна Украина, кои се во судир со украинските сили.

Кремљ вчера беше принуден да признае дека неколку руски војници, кои биле заробени на украинска територија, ја поминале границата по грешка.

– Постои иформација, која во изминатите неколку часа е дополнително потврдена, дека регуларните руски единици се активни во источна Украина. Таа информација на НАТО, која сега ја потврди и нашата разузнавачка служба, сега е практично јасна, рече Туск.

Украина денеска објави дека голем конвој од тенкови и вооружување од Русија се движи кон југоисточниот дел на земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта