Туск: Дојде моментот кога треба да се разјасни какви ќе бидат односите Лондон-Брисел по Брегзит

Од:

Дојден е моментот кога треба да се разјасни визијата во однос на тоа какви ќе бидат идните односи помеѓу Велика Британија и Европската унија по Брегзит, наведе претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

– Кога зборуваме за рамките за идните односи, сега е време за интерни подготовки на 27-те земји членки и за понатамошните контакти со Велика Британија со цел да се појасни нивната визија, истакна Туск на крајот од дводневниот самит во Брисел, каде лидерите на ЕУ договорија преминување во нова фаза на преговорите со Лондон за Брегзит, што ќе започне кон почетокот на следната година.

Тој кажа дека се договорени насоките за следната фаза, кои ќе се однесуваат на транизицискиот период. Тукс додаде дека е воспоставена и рамка за идните односи на Велика Британија и ЕУ.

Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија исто така го поздрави преминувањето во друга фаза на разговорите за Брегизт.

– Заклучивме дека сме оствариле доволен наредок. Сега ни останува заедно со нашите британски пријатели да подготвиме предлог-договор за излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Се надевам дека тој договор ќе биде одоборен од страна на Европскиот парламент и британскиот Парламент, порача Јункер.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он