Хуриет дејли њуз – Анкара
Одлуката на Израел да ги отстрани детекторите за метал од влезот во џамијата Харам ал-Шариф, кај Израелците познато како Рид на храмовите, по се изгледа ги разгоре неодамнешните тензии. Сепак, проблемот се уште има потенцијал да го потресе кревкиот регионален поредок. Покрај ова, заради неодамнешниот дипломатски спор меѓу Израел и Турција околу Ерусалем, било каква ескалација претставува ризик за процесот на нормализација на однсоите меѓу двете држави.
Се започна со терористичкиот напад на 14 јули, кога загинаа двајца израелски полицајци и тројца напаѓачи во џамијата Ал-Акса во Ерусалем. Израел веднаш одговори и нареди 48-часовно затворање на Харам ал-Шариф. Но портите повторно беа отворени откако беа поставени детектори за метал за да се спречи било какво шверцување на оружје на ова верска локација.
Потегот на Израел распали нов бран на насилства во Стариот град во Ерусалем, што доведе до протести и смртоносни судири пред портите, затоа што муслиманите ја бојкотираа џамијата ал-Акса заради безбедносните претреси.
Иако израелската влада ја бранеше одлуката како безбедносна мерка, муслиманите – кои веќе се спротивставуваа на израелската контрола во Источен Ерусалем – го интерпретираа овој потег како обид да се смени статусот на Харам ал-Шариф.
Израел го контролира пристапот на светото место според мировниот договор од 1994 година помеѓу државата и Јордан, каде секојдневниот живот на ова свето место управува Исламскиот ерусалемски оддел Авкаф, познат и како Вакуф, кого го финансира и со кој операира јорданската влада.
И иако Ридот на храмовите е отворен за немуслимани посетители, само на муслиманите им е дозволено да се молат таму.
Во последните денови израелски официјални лица се обидуваат да ја ибедат меѓународната заедница дека немаат намера да го менуваат статус-квото со ова свето место.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатата недела изјави дека менувањето на статус квото нема да го засили безбедностата ситуација таму туку и ќе ги подрие се позагреаните односи помеѓу Израел и сунитските арапски држави.
Ридот на храмовите е едно од најсветите места на светот, но последните бунтови во Ерусалем за несреќа нема да бидат и последни со оглед дека палестинското прашање останува нерешено.
Арапската пролет,. Војните во Ирак и Сирија, појавата на Исламска држава на Блискиот исток, го стави изралеско-палестинското прашање на опашката на дневниот ред на светските лидери. Се оствари сомнежот дека пропаѓањето на мировните преговори во 2014 по процесот на долги и болни преговори создаде длабока фрустрација како и недостиг на интерес меѓу межународните актери кои учествуваа во обидите за посредување.
Сепак решавањето на палестинскиот проблем треба да се смета за есенцијален елемент во борбата со тероризмот затоа што џихадистичката пропаганда има најголема корист од страдањето на палестинците.
Но со непредвидливоста на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, моќните битки помеѓу земјите од Заливот и бракот од доверба помеѓу Израел и арапскиот свет против Иран, по се изгледа има малку шанси за политички пробив во блиска иднина. Настрашно е што палестинското прашање останува бомба која отчукува и подготвена во секој момент да експлодира.
Во пресрет на протестите пред Харам ал-Шариф, гневните членови на ултранационалистичката Алперех хартс се собраа пред синагогите Неве Шалом и Ахрида во Истанбул за да протестираат против Израел.
За несреќа, било кога да изникне некаква криза помеѓу Турција и Израел, гневот е неоправдано насочен кон турските евреи, кој безброј генерации живеат во Турција и кои ја прифатија земјата како нивна татковина и кои служат во војската, ги плаќаат даноците, како и секој друг турски граѓанин.
Ова што е суштинско, е што официјалните политичари стојат цврсто зад протестот кој за цел ги има верските светилишта на еврејската заедница. Претседателот Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу дадоа изјави со осуда на демонстрациите кај синагогите и повикаа на смиреност.
Иако повикот за смирување заслужува поздравување, потребни се соодветни казни за нда се спречат слични напади против еврејската заедница во иднина. Ова нема саљмо да придонесе за поголема социјална кохезија дома, туку и ќе го засили имиџот на Турција надвор како демократска држава која ги почитува правата на малцинствата.
Што се однесува до турско-израелските односи, справувањето со тензиите кај Харам ал-Шариф дефинитивно ќе ја тестира одлжливоста на процесот на нивна нормализација. Исто и двете земји треба да користат поумерен тон и да ги искористат социјалните медиуми како платформа за размена на дипломатски пораки заедно со тековната дебата.