Денеска во Лондон турскиот премиер Бинали Јилдирим се сретна со британската премиерка Тереза Меј и разговараа за соработката помеѓу двете земји во трговијата и одбраната.
Тие се договориле да ја развиваат билатералната соработка во повеќе области, вклучувајќи ја и борбата против тероризмот.
Двајцата премиери се согласиле и за интензивирање на дипломатските напори за решавање на кипарското прашање.