Турски имами во Германија шпионирале во корист на Турција

Од:

Исламски свештеници во Германија ги информирале турските власти за наводни приврзаници на Фетулах Ѓулен, кого Турција го смета за организатор на неуспешниот јулски воен удар во оваа земја.

Германските разузнавачки служби откриле дека имамите во една од најголемите исламски организации во Германија предавале разузнавачки информации на турските власти за свештеници кои што се приврзаници на контроверзниот муслимански лидер и политичар, јавија дел од германските медиуми.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин најмалу три листи со околу 28 имиња и 11 организации биле дадени на службеници на турски дипломатски мисии во Германија.

Според Агенцијата за заштита на Уставот на Германија имамите од Турската исламска унија за религиозни прашања овие информации ги предавала на вработени во конзултатите на Турција во Келн, Дизелдорф и Минхен.

Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија потврди дека имињата на најмалку петмина наставници во училишта биле на листите, откако имамите добиле налог од турските власти да прибираат податоци за приврзаници на Ѓулен.

Најмалку двајца од имамите што учествувале во шпионски активности веќе се вратени во Турција за да избегнат кривично гонење од германските власти.

По неколкуте конфликти на релација Анкара – Берлин меѓу кои што беа надминати во последниве десетина месеци случајот со имамите – шпиони се заканува да ги влоши односите меѓу двете земји.

Предходно Турција го повлече својот амбасадор во Берлин по резолуцијата на Бундестагот со која Отоманските масакри врз ерменскиот народ во Првата светска војна беа прогласени за геноцид, а официјална Анкара забрани влез на германски политичари во воената база во Инџирлик и го обвини Берлин дека заштитува террористички групи кои што работат против турската Влада.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ