Турската војска останува во Либија уште најмалку една и пол година

Од:

Турскиот Парламент го одобри предлогот со кој се бара продолжување на распоредувањето на војската во Либија за уште 18 месеци.

Додека владејачката Партија на правдата и развојот и Партијата за националистичко движење го поддржаа предлогот, главната Републиканска народна партија и другите опозициски партии гласаа против.

– Либија претставува закана за Турција и целиот регион и доколку продолжат нападите, интересите на Турција во Средоземно Море и Северна Африка ќе бидат засегнати негативно, се наведува во предлогот.

Прекинот на огнот, кој беше договорен во октомври, и политичкиот дијалог во Либија се од големо значење за Турција.

Во рамки на Меморандумот за безбедност и воена соработка, потпишан со Либија, Турција ќе продолжи да придонесува за обука и консултантска поддршка за Либија, се додава во предлогот. На 27 ноември Анкара и Триполи потпишаа пакт за воена соработка, како договор за морските граници во Источен Медитеран.

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција