Турската полиција со солзавец спречи луѓе да ја преминат турско-сириската граница и да влезат во Кобане

Од:

Турската полиција употреби денеска солзавец за да ги запре луѓето, кои се обидуваа да ја преминат турско-сириската граница и да влезат во сирискиот курдски град Кобане, откако курдските сили ги потиснаа борците од Исламска држава, кои го држеа градот под опсада четири месеци.

– Групи од турскиот пограничен град Суруч, кои се наоѓаат во близина на градот Кобане, како и од села во регионот, се собраа за да ја преминат границата и да слават заедно со курдските борци, но полицијата ги запре, истакна Ахмад Башо, сириски курдски политичар.

– Луѓето доаѓаат и се среќни. Полицијата употреби солзавец и ги блокираше патиштата, рече Башо.

Курдските сили воспоставија контрола над градот Кобане вчера, откако ги потиснаа борците од ИД, кои презедоа офанзива против градот населен претежно со Курди минатата година.

Офанзивата на џихадистите принуди десетици илјади локални жители да го напуштат градот.

Би можело да ве интересира

Курдските сили ја протераа ИД од Кобане

Емир Латифовиќ

Најмалку 164 курдски цивили убиени во нападот на ИД врз Кобане

Емир Латифовиќ

Курди: Џихадисти на ИД речиси протерани од Кобане

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како изгледа животот во Кобане

Емир Латифовиќ

Ирачките Курди – Пешмерга ќе останат времено во Кобане

Емир Латифовиќ