Ирачките Курди – Пешмерга ќе останат времено во Кобане

Од:

Премиерот на полуавтономниот ирачки регион Курдистан, Нечирван Барзани изјави дека ирачките курдски сили – Пешмерга, ќе останат времено во Сирија, со цел да помогнат во одбрана на градот Кобане од џихадистите на групата Исламска држава (ИД).

Барзани истакна дека американската Влада одиграла улога во убедувањето на Турција да им дозволи на курдските единици да минат преку нејзина територија на пат кон Сирија. Тој ги повика ирачките војници да дадат повеќе поддршка за Курдите кои се борат против ИД на територија на Ирак.

Ирачките борци – Пешмерга влегоа во Кобане во петокот. Тие се група од 150 курдски борци.

Би можело да ве интересира

Курдските сили ја протераа ИД од Кобане

Емир Латифовиќ

Најмалку 164 курдски цивили убиени во нападот на ИД врз Кобане

Емир Латифовиќ

Турската полиција со солзавец спречи луѓе да ја преминат турско-сириската граница и да влезат во Кобане

Емир Латифовиќ

Курди: Џихадисти на ИД речиси протерани од Кобане

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како изгледа животот во Кобане

Емир Латифовиќ