Курдските сили ја протераа ИД од Кобане

Од:

Борците од курдските „Сили за заштита на народот“ во Сирија ги протераа џихадистите од групацијата Исламска држава од курдскиот град Кобане во северниот дел на земјата, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Курдските борци ја вратија контролата врз неколку позиции во Кобане, кои претходно беа заземени од џихадистите.

Според претставник на курдските сили тие целосно ја вратиле контролата врз градот. Тој соопшти и за голем број убиени припадници на ИД, кои го нападнаа градот пред два дена.

– ИД уби околу 200 лица во Кобане и околината, откако изврши напад врз градот во четвртокот, изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман.

Би можело да ве интересира

Најмалку 164 курдски цивили убиени во нападот на ИД врз Кобане

Емир Латифовиќ

Турската полиција со солзавец спречи луѓе да ја преминат турско-сириската граница и да влезат во Кобане

Емир Латифовиќ

Курди: Џихадисти на ИД речиси протерани од Кобане

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како изгледа животот во Кобане

Емир Латифовиќ

Ирачките Курди – Пешмерга ќе останат времено во Кобане

Емир Латифовиќ