ФОТО: Еве како изгледа животот во Кобане

Од:

Ник Патон Велш, дописник за „CNN“, кој два дена престојувал во Кобане вели дека неколкуте илјади жителите кои останале во градот живеат на работ на пеколот. Тој тврди дека градот потполно е уништен и дека сега исклучиво се води војна за победа, а не за плен.

10899634_10205668157129136_418551049_n

Станува збор за луѓе кои не сакаат или пак не можат да заминат од Кобане. Турција ја затвори западната граница, преку која голем број бегалци ја напуштија државата, но се уште има многу луѓе кои чекаат на истото место, со надеж дека турските војници ќе им помогнат.

10888084_10205668157169137_1356165746_n

Велш пренесе дека оние кои што останале во градот се заобиколени од сите страни и дека ништо не може да ги заштити од постојаното гранатирање.

Борците на ИСИС со мини експлозивни направи од боци за гас наполнети со парчиња старо железо, ги напаѓаат курдските цивилни населби, во кои има и борци.

10893473_10205668157249139_354680076_n

Тој вели дека во градот нема болница и дека ранетите ги испраќаат на граница.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Курдските сили ја протераа ИД од Кобане

Емир Латифовиќ

Најмалку 164 курдски цивили убиени во нападот на ИД врз Кобане

Емир Латифовиќ

Турската полиција со солзавец спречи луѓе да ја преминат турско-сириската граница и да влезат во Кобане

Емир Латифовиќ

Курди: Џихадисти на ИД речиси протерани од Кобане

Емир Латифовиќ

Ирачките Курди – Пешмерга ќе останат времено во Кобане

Емир Латифовиќ