Туристите во Грција најмногу се дебелеат во текот на одморот

Од:

Туристите кои престојуваат во Грција, најмногу се дебелеат во текот на одморот и летувањето, покажува истражувањето на британската туристичка компанија „Томас Кук“, најстарата во светот и една од најголемите глобални туроператори.

Во истражувањето, во кое се користени најпопуларните дестинации на туристите од Велика Британија, во текот на „просечен“ одмор од десет дена, луѓето се враќаат од Грција и тамошните одморалишта, со просечно два килограми повеќе, отколу што имале пред да заминат на летување. Според истражувачите на „Томас Кук“, тоа ја прави оваа јужноевропска земја „шампион“, па таа е убедливо прва на листата на „туристички дестинации за здебелување“, пред САД за која истражувачите мислеле дека ќе биде пред сите другите.

Листата според која се рангирани земјите е правена врз основа на понудата во хотелите и одморалиштата – јади колку што можеш, на квалитетот на храната, евтините цени и на алкохолот и понудата за него. Испитувањето на туристичката компанија открива дека жените на летувањата во земјите, каде се здебелува во текот на одморот, добиваат по околу еден килограм повеќе, додека мажите се враќаат од летувањето и со три килограми повеќе.

На ваквата листа на британската компанија, Грција е убедливо прва, пред Турција и Португалија. САД се на четвртата позиција, меѓу првите четири туристички дестинации, каде најмногу може да се здебели во текот на десетдневен одмор.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ