Турците во Ротердам добија дозвола за протест против холандската полиција

Од:

Градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб одобри денеска Турците во Холандија да одржат протест против начинот на кој холандската полиција се однесувала кон демонстрантите минатиот викенд.

Портпаролот на градоначалникот на Ротердам Ленарт де Јонг наведе дека е поднесено барање за одржување на протестите за „одбрана на Турците“.

Холандската полиција минатиот викенд употреби кучиња и водени топови за да растера стотици демонстранити кои се собраа пред Конзулатот во Ротердам, при што некои од демонстрантите фрлале со шишиња и камења врз полицијата. Холандската полиција некои од демонстрантите ги тепала со пендреци.

Протестите избија како последица од забраната на Холандија за слетување на авионот на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој требаше да пристигне во Ротердам за да одржи митинг за референдумот за поголеми овластувања на турскиот претседател, што ќе се одржи на 16 април во Турција.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција