Турците во Холандија почнаа со гласање за референдумот во матичната држава

Од:

Турците кои живеат во Холандија од денеска можат да гласаат на референдумот за зголемување на надлежностите на Претседателот на Турција.

Околу 250.000 турски избирачи до недела ќе можат да гласаат на избирачките места во Амстердам, Хаг и Девентер, пренесуваат американските медиуми.

Кампањата на турските официјални лица за овој референдум низ Европа доведе до тензии меѓу повеќе европски земји и Турција, а Ердоган ги обвини Германија и Холандија за користење на „нацистички“ методи.

Турските државјани во шест европски земји до 9 април ќе можат да гласаат за референдумот, што во Турција ќе се одржи на 16 април.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени