Турција: Тешкото оружје е повлечено од Сирија

Од:

Турското Министерство за одбрана соопшти дека процесот на повлекување на тешко оружје од демилитаризираната зона во Идлиб, Сирија, денеска е завршен.

Во соопштението Министерство за одбрана потсетува дека земјите гаранти, Турција и Русија, потпишаа договор на 17 септември за стабилизирање на демилитаризираната зона во Идлиб.

Оттаму додаваат дека во рамките на Договорот, кој беше постигнат во рускиот град Сочи, особено внимание било посветено на географската структура и населените места, и дека била формирана демилитаризираната зона, во должина од 15-20 километри.

– Турција ги исполни своите обврски во рамките на Договорот. Во тој контекст, на 10 октомври 2018 година го заврши повлекувањето на тешкото оружје од демилитаризираната зона во Идлиб, со цел да се стави крај на тензиите во областа и да се елиминира ризикот од меѓусебен конфликт,  се истакнува во соопштението.

Министерство за одбрана на Турција додава дека продолжуваат активностите во рамките на воспоставувањето одржлив и траен мир во Идлиб. 

Би можело да ве интересира

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Кривична пријава за таткото на петнаесетгодишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје

А1он

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага против таткото