Турција: Не е можно да се обезбеди европска безбедност без нас

Од:

Турција, чија армија е втора по големина во НАТО, е подготвена да распореди сили во Украина „ако е потребно“ за да гарантира мир.

– Прашањето за придонес во мисијата ќе биде оценето со сите заинтересирани страни доколку се смета дека е неопходно за воспоставување регионална стабилност и мир, се вели во соопштението на турското Министерство за одбрана.

По последните настани, се додава, не е можно да се обезбеди европска безбедност без учество на Турција.

„Како членка на НАТО и на ОБСЕ, Турција е составен дел од европската безбедносна архитектура со нејзината одбранбена индустрија во развој, нејзината важна улога во решавањето на регионалните кризи и нејзината моќна војска“, се вели во соопштението од Анкара.

Би можело да ве интересира

Судот ја поништи дипломата на Имамоглу, сериозен удар за неговите претседателски амбиции

Ататурк останува најпопуларен меѓу Турците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција

А1он

Ердоган соопшти нови податоци по страшната експлозија во Турција – 16 лица ги загубија животите

А1он

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во експлозија која се случи во челичарница во Измир

Горан Наумовски

Истрага за финансиски скандал во Турција: Уапсена e поранешна министерка