Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем изјави дека воздушните напади на позициите на „Исламската држава“ не ја ослабнале таа екстремистичка организација и оти нема да се оствари напредок доколку не се изврши притисок врз Турција да ја зајакне граничната контрола.
– Се укажува на тоа дека „Исламската држава“, после два месеца воздушни удари, не е ослабена, изјави Муалем во интервју за телевизиската станица „Ал Мајадин“, со седиште во Бејрут.
Тој изјави дека доколку Советот за безбедност на ОН не изврши притисок врз Турција да ја контролира својата граница, тогаш тие акции нема да ја уништат ИД. Медиумите толкуваат дека при тоа мислел на странските џихадисти кои преминале од Сирија во Турција.
Турција, која со Сирија има граница долга 900 километри, ги отфрли обвиненијата дека ги поддржува екстремните исламисти.
Коалицијата предводена од САД, покрена воздушни напади против ИД во Сирија во септември во обид да ја уништи таа организација која освои голем дел од таа земја и од соседен Ирак, пренесува Танјуг.