Анкара: Кинеската вакцина на Синовак е над 90% ефикасна и безбедна за турскиот народ

Од:

Вакцината „Коронавак“ на кинеската компанија Синовак, е ефективна во 91.25 отсто од случаите, покажуваат податоците од завршна фаза на испитувања во Турција.

Ова е многу подобар резултат од оној што беше добиен во одвоени тестирања во Бразил.

Бразилските истражувачи, кои исто така спроведуваат тестирања од Фазата три за вакцината, соопштија вчера дека имунизацијата со вакцината на Синовак е повеќе од 50 отсто ефективна, но по барање на компанијата не ги објави комплетните резултати, што покрена прашања околу транспарентноста.

Денеска, турските научници на прес-конференција заедно со министерот за здравство Фахретин Коџа соопштија дека не забележале сериозни несакани ефекти од вакцината за време на тестирањата, освен едно лице што имало алергиска реакција. Тестирањата во Турција започнаа на 14 септември, а во нив учествувале 1.322 доброволци.

„Сега сме сигурни дека вакцината е ефективна и безбедна за турскиот народ,“ рече Коџа.

Синовак е првата кинеска компанија-производител која објави детали за доцна фаза на клинички испитувања, откако конкурентските вакцини на Фајзер, Модерна и АстраЗенека објавија дека нивните производи имаат ефективност од над 90 отсто.

Турција нарача 50 милиони дози од вакцината на Синовак, кои требаше да бидат испорачани на 11 декември, но пратката беше одложена и се очекува да пристигне во следните денови.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ