Турција и САД најавија создавање светски фонд за борба против екстремизмот

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу и американскиот државен секретар Џон Кери најавија создавање на светски фонд за борба против екстремизмот, објави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Соопштението следи по вчерашната средба во Њујорк на Глобалниот форум за борба против тероризмот.

Форумот формиран во 2011 година, е предводен од Турција и САД и има 30 членови основачи, меѓу кои и земји од ЕУ.

resim

Кери истакна дека целта на фондот е обезбедување ресурси за локални проекти, кои ќе помогнат во борбата против екстремизмот во светот.

Давутоглу и Кери нагласија дека Глобалниот форум за борба против тероризмот е идеално место за поефикасна соработка меѓу експертите во оваа област.

Според американските медиуми фондот се очекува да биде во вредност од 200 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак