Турција и САД ќе ја продолжат соработката во борбата против ИД

Од:

Претседателите на Турција и на САД, Реџеп Таип Ердоган и Барак Обама денеска телефонски разговараа за ситуацијата во  Сирија, пред се за Кобане.

Разговорот бил по завршувањето на посетата на Ердоган на Авганистан.

Ердоган и Обама се договорија да ја продолжат соработката во борбата против Исламска држава, како и за поддршката на Турција за 1,5 милиони Сиријци, од кои 180.000 Курди, кои го напуштија Кобане, се наведува во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.

Двајцата претседатели ја потенцирале и важноста од соработката на двете држави за обезбедување на мир и стабилност во Авганистан.

Претходно Ердоган изјави дека Турција нема да се согласи со какви било американски достави на оружје за курдските бунтовници, кои се борат против исламистите од групацијата „Исламска држава“ во Сирија.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски