Турција е подготвена да преземе одговорност во Газа

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Турција е подготвена да преземе одговорност во Појасот Газа, вклучително и можноста за испраќање војници, доколку е потребно.

„Турција е подготвена да го преземе товарот во Газа и ќе ги исполни своите одговорности со големо чувство на должност, вклучително и испраќање војници. Ова е нашата најјасна порака до меѓународната заедница по ова прашање“, рече Фидан во интервју за каналот А њуз, пренесува Анадолу.

Потсетувајќи се на состанокот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со американскиот претседател Доналд Трамп во септември, тој рече дека двајцата лидери разговарале за важни теми што се однесуваат на односите и регионалната динамика.

Би можело да ве интересира

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

„Гардијан“: Трамп планира да изгради воена база за 5.000 војници во Газа

ВИДЕО: Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул

Катерина Ѓуровски

Израелските одбранбени сили тврдат дека е уништен командниот центар на Хамас што се користеше за напади врз Израел

Турски инфлуенсер e ставен на црна листа на авиокомпанија откако запали цигара во авион

А1он