Тунижанец баран за планирање на терористички напад уапсен во Франкфурт

Од:

Барател на азил од Тунис кој што учествувал во терористички напад во музејот на Бардо во Тунис е уапсен денеска во Германија, објавија германските власти, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Тунискиот азилант, кој е на возраст од 36 години, е уапсен под сомнение за планирање терористички напад во Германија. Овој оперативецц на Исламската држава во земјата пристигнал во август 2015 година по што успеал да создаде мрежа на приврзаници со цел спроведување на терористички напади, се вели во изјавата на јавното обвинителство во Франкфурт.

Тунижанецот е уапсен во операција во која учествувале повеќе од 1100 полицајци кои што пребарале 54 објекти меѓу кои и домови, деловни простории и џамии во Франкфурт и други градови во покраината Есен.

Тунижанецот во Германија живеел од 2003 до 2013 година по што заминал и се вратил како барател на азил. Претходно во април учестувал во нападот на музејот Бардо во Тунис, во кој загинаа 21 странски туристи.

Слично како и во случајто со Анис Амри кој уби 12 лица во Берлин и сега уапсениот бил во екстрадициски протвор во врска со инцидент од 2008 година чекајќи депортација во Тунис, но бил ослободен откако туниските власти не ги испратиле соодветните документи за негов трансфер во татковината. Од ноември бил по надзор на германските служби за безбедност.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он