Помали дози радијација од јапонската електрана Фукушима, која минатата година претрпе сериозни оштетувања, забележани се кај туната на брегот на Калифорнија. Се претпоставува дека рибите ги пренеле радиоактивните елементи преку Атланскиот Океан, многу побрзо отколку што тоа ќе го сторел ветерот или морските струи.
Мали количини цезиум 137 и 134 се пронајдени кај 15 риби уловени во близина на Сан Диего уште кон крајот на мината година, само 4 месеци по катастрофата во Фукушима, известуваат американските научници.
Тоа е многу порано одколку радијацијата која преку ветерот и морето стигна до брегот на Алјаска. Сепак, смируваат научниците, количината радиоактивен материјал во туната е мал и не би требало да има негативни последици по човечкото здравје.