Лидерите на Таурег во регионот на Кидал, на север на Мали формираа нова група која не сака независност туку само да преговара со властите.
Во соопштението во кое се најавува основање на Високиот совет за Азавад, лидерите истакнаа дека нивна цел е дијалогот.
-Ова е мирољубиво движење кое не повикува на независност и е против идејата за поделба, стои во соопштението на Високиот совет.
Се верува дека сепак ова ново тело го водат неколку личности кои го поддржуваа Националното движење за ослободување на Азавад (НМЛА), бунтовничка група која минатата година го нападна северен Мали и прогласи независност.
Француската војска од јануари успеа на армијата на Мали да и врати два од трите заземени града Тимбукт и Гао.
Со Кидал сега управуваат Туарези кои не дозволуваат враќање на армијата, обвинувајќи ја за кршење на човековите права на локалното население.
Претседателот на новиот совет Мохамед Аг Интал рече дека телото е формирано за обединување на синовите на Азавад со цел за изнаоѓање на решение за излез од кризата.
Интал одби да каже кои се останатите членови на советот, но локално официјално лице кое е запознаено со тоа вели дека се истите луѓе кои беа во (НМЛА) и дека сега се под ново име.
Мали истакнува дека нема да преговара за прашањето за независност и дека неговиот територијален интегритет не може да биде нарушен.
Туарези е номадски народ кој живее на подрачјето наСахара.
Елена Георгиевска