Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека Канада е заинтересирана за намалување на сите американски царини и додаде дека ќе продолжи да соработува со високи претставници во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со царините што САД планираат да ги воведат на сите увозни производи од Канада.

„Разговорите се во тек. Нашата цел е да ги отстраниме овие тарифи, сите царини. Трговската војна би можела да трае во догледна иднина“, рече Трудо, повикувајќи ги граѓаните да продолжат да „купуваат канадски производи“ кога е можно, објави CTV News.

Трудо не откри детали од неговиот телефонски разговор со Трамп, истакнувајќи дека станува збор за „многу суштински повик“.

Канадскиот премиер рече дека го предупредил американскиот претседател за време на вчерашниот разговор дека американските царини ќе им наштетат на американските работници и бизниси.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сите наследници на ајатолахот се мртви – го „средив“ пред тој да ме „среди“ мене

ВИДЕО: Нови напади, Израел го бомбарира Техеран

ВИДЕО: Не прободеа во срце, ќе им вратиме исто – Али Лариџани веројатно новиот ирански лидер

(ВИДЕО) Поделен Иран: Прослави и солзи за убиството на ајатолахот

Катерина Ѓуровски

Убиен е шефот на иранската војска

ВИДЕО: Бројот на жртви во нападот врз училиштето во Иран се искачи на 118