„Тројката“ и ЕУ: Новиот премиер на Судан нема да го поддржиме, ако не се согласат мнозинството граѓани

Од:

САД, Норвешка, Велика Британија и ЕУ денеска ја предупредија суданската армија дека нема да го поддржат новиот премиер доколку тој не биде поддржан од широк круг граѓани.

Во соопштението на таканаречената „Тројка“ и земјите од ЕУ се споменува и заканата за одбивање на економската помош за Судан.

– Потребни се кредибилна влада и парламент за да се обнови економската помош, се наведува во соопштението.

„Тројката“ и ЕУ нагласија дека ќе работат на забрзување на напорите да ги повикаат на одговорност оние што го попречуваат демократскиот процес доколку не се постигне напредок.

– Народот на Судан зборуваше гласно и јасно како и во 2019 година, тие го отфрлаат авторитарното владеење и сакаат транзицијата кон демократија да продолжи, се вели во соопштението, додавајќи дека суданските лидери сега мора да покажат дека слушаат.

САД, Норвешка, Велика Британија и ЕУ го повикаа Судан да избере ново цивилно раководство и да работи на време и процес за преостанатите транзициски задачи, вклучително и основите за избори и законодавните и судските органи на власта.

Според нив, „едностраната акција за назначување нов премиер и влада би го загрозила кредибилитетот на тие институции и ризикува да ја турне нацијата во конфликт“.

Тие, исто така, нагласија дека ќе продолжат да ги сметаат воените власти одговорни за кршење на човековите права и очекуваат безбедносните служби и другите вооружени групи да се воздржат од насилство врз мирните демонстранти и цивили.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс истакна дека мора да постои цивилна транзиција во Судан.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска