Tројца загинати во поплавите во Франција

Од:

Три лица загинаа, а две се водат како исчезнати во невремето и поплавите што од синоќа ја зафатија југозападна Франција, соопшти денеска француското Министерство за внатрешни работи.

Соасувачките екипи синоќа пронашле тело на една 68-годишна во местото Ла Лонд. Жената успеала да излезе од нејзиниот автомобил, кој бил однесен од надојдените води, но не успеала да доплива на сигурно и се удавила. Во возилото останала нејзината ќерка, која се води како исчезната, но власите претпоставуваат дека и таа загинала.

Спасувачките тимови ја пребараа реката во Ла Лонд, откако очевидци и информирале дека возило со две жени било однесено од надојдените води.

Денеска спасувачките екипи пронашле тела на уште две жени на возраст меѓу 40 и 50 години во реонот на местото Иер, во близина на медитеранскиот град Тулон.

Во тек е потрага по ќерката на удавената жена во Ла Лонд и по уште едно лице во југозападниот дел на Франција, во која се вклучени пет хеликотери и стотици пожарникари, полициајци и војници.

Поплавите предизвикани од поројните дождови вчера блокираа 130 деца во две училишта во места во близина до Сен Тропе во јужна Франција. Децата ја поминале ноќта во училиштата заедно со наставниците.

Спасувачите им препорачаа на родителите да не се обидуваат да стигнат до блокираниот реон и ги увериле оти животот на нивните деца не е во опасност.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано