Три лица загинаа, а најмалку 36 други се ранети денеска при експлозија на автомобил-бомба во градот Бетонг во јужниот дел на Тајланд.
Возилото натоварено со експлозив било паркирано пред еден хотел во деловниот кварт на Бетонг. При експлозијата се уништени уште неколку автомобили паркирани во близина на бомбата.
Властите се сомневаат дека нападот е дело на локалните муслимански бунтовници.
При друга експлозија на бомба поставена пред едно учииште во јужниот дел на Тајланд, денеска биле ранети четворица тајлански војници. Војниците биле задолжени за обезбедување на училиштето.
Мнозинството од жителите во јужен Тајланд се муслмани, додека во останатиот дел од земјата доминираат будистите. Од 2004 година во реонот дејствуваат муслимански сепаратистички групи во чии напади досега загинаа над 5.000 лица.