Најмалку три лица загинаа кога патнички ферибот со 251 лице потона денеска крај брегот на Филипините.
– Тројца патници загинаа, а најмалку сто лица се спасени. Властите ги проверуваат извештаите за жртви, изјави портпаролот на филипинската крајбрежна стража.
Тој додаде дека траектот не бил претоварен со патници и дека се уште немаат комплетна слика за тоа како дошло до несреќата.