Тројца убиени во престрелка во Лас Вегас

Од:

Три лица се убиени во напади во Лас Вегас. Жртвитe се двајца полицајци и еден цивил, а за нападот се одговорни маж и жена, кои, исто така, се пронајдени мртви, јавија американските медиуми.

Напаѓачите прво дошле во пицерија во која ручале двајцата полицајци, при што отвориле оган врз нив од непосредна близина и притоа им нанели смртоносни рани.

Еден од полицајците успеал да испука неколку куршуми пред да почине, но не е познато дали погодил некого од напаѓачите.

Осомничените по нападот побегнале во супермаркетот „Вал-Март“ што се наоѓал во близината, каде убиле уште еден цивил, а потоа следела размена на оган со полицијата.

Според првичните информации, жената го убила мажот по што се самоубила. Полицијата верува дека станува збор за договор.

Мотивот на нападот се уште не е познат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута