(ВИДЕО) Тројца убиени во антитерористичка операција во Белгија

Од:

Најмалку три лица загинаа при антитерористичката операција во белгискиот град Вервие, југоисточно од Брисел, пренесува БТА.

Француските медиуми соопштуваат дека полицијата спроведувала операција против група за која постои сомнение дека е поврзана со тероризам. Очевидци тврдат дека слушнале детонации, како и за престрелка која траела околу 10 минути. Засега не е познато дали жртвите се единствено меѓу осомничените терористи или и меѓу припадниците на специјалните сили.

Наскоро се очекува прес-конференција на белгиското обвинителство, а локалните власти соопштија дека ситуацијата сега е под контрола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети