Тројца уапсени откако беа испукани ракети во резиденцијата на Нетанјаху

Од:

Тројца осомничени се уапсени откако биле испукани две сигнални ракети во близина на приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој не бил присутен, соопштија утринава полицијата и домашната разузнавачка служба Шин Бет.

„Тројца осомничени се уапсени во текот на ноќта поради нивната вмешаност во инцидентот“, што се случи во централниот израелски град Цезареја, се вели во соопштението, додавајќи дека судот наредил 30-дневна забрана за објавување информации за истрагата или идентитетот на осомничените.

Ова не е прв напад на таа резиденција. На 22 октомври летало ја погоди „структурата“ во Цезареја, соопшти вчера од кабинетот на премиерот.

Нетанјаху, кој ниту во тоа време не беше таму, го обвини „Хезболах, сојузник на Иран“ дека „се обидел“ да го убие него и неговата сопруга.

Три дена подоцна, либанското исламистичко движење, поддржано од Техеран, ја презеде одговорноста за нападот.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници