Тројца сириски војници убиени, исто толку ранети во израелски воздушни напади

Од:

Тројца сириски војници се убиени, исто толку се повредени во израелски напад во близина на сириската крајбрежна провинција Тартус, јавија синоќа сириските државни медиуми повикувајќи се на армиски информации.

Државните медиуми јавуваат дека нападот го извршиле „израелски авиони што дошле од либанска територија”.

Медиумите објавија дека се слушнале експлозии кога израелски воени авиони нападнале цели во близина на градот Тартус, каде се наоѓа пристаниште во кое се вкотвуват и бродови со жито од Украина.

Во соопштението на сириската армија се наведува дека Израел извршил два симултани напади, едниот во близина на главниот град Дамаск од правец на либанската престолнина Бејрут, а другиот од морето врз цели јужно од Тартус.

Израелската армија одби да ги коментира информациите за последните напади врз цели во Сирија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел