Тројца Руси планирaа напад врз руската железница на барање на украинските служби

Од:

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) приведе тројца Руси кои планираа терористички напад врз железница по барање на украинските разузнавачки служби, соопшти службата денес.

– Федералната служба за безбедност во Свердловската област приведе тројца руски државјани, родени во 1979, 1981 и 1984 година, кои планирале да запалат објект на транспортна инфраструктура по барање на украинските разузнавачки служби, соопшти ФСБ, пренесе ТАСС.

Приведените доброволно контактираа со украински разузнавачки службеник преку месинџерот Телеграм, од каде добиле задача да извршат терористички напад врз железница, соопштија руските истражители.

Би можело да ве интересира

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Семејства бараат враќање на повеќе од илјада Кенијци од војната во Украина

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски